Финска го презема ротирачкото претседавање со ЕУ

Финска во понеделникот го презема ротирачкото шестмесечно претседавање со Советот на Европската унија од Романија, под мотото „Одржлива Еврпа – одржлива иднина“.

Промовирањето на Европската унија како „глобалниот лидер во климатските активности“, ќе биде во центарот на финското претседавање.  Финскиот премиер Антти Ринне рече во обраќањето во парламентот минатата седмица, дека тоа исто така ќе значи посветување на климатската неутралност до 2050 година. Финска тежнее кон одбрана на заедничките вредности на ЕУ, како „владеењето на правото, човековите права, рампноправноста и демократијата“, додаде Ринне.

Меѓу предизвиците со кои ќе се соочува ЕУ во следните шест месеци е и одложувањето на истапувањето на Велика Британија од членството кое сега е предвидено за 31-ви октомври. Британската премиерка на заминување Тереза Меј во мај отстапи од должноста откако нејзиниот договор за брегзитот со Брисел трипати беше отфрлен од парламентот. Нејзината конзервативна партаја до крајот на јули треба да го избере нејзиниот наследник, а главен фаворит за тоа е поранешниот шеф на дипломатијата и главниот заговорник на напуштањето на ЕУ, Борис Џонсон.

Џонсон заговара нови бреговори со ЕУ за брегзитот, што неколку највисоки функционери во Унијата веќе неколкупати го одбија. Доколку договорот не биде постигнат до 31-ви октомври, Британија би можела да излезе од ЕУ без договор, што моќе да предизвија проблеми и за Лондон и за Брисел.