Финските власти во саботата соопштија дека го придвижуваат запленетиот танкер поблиску до пристаништето, откако претходно оваа седмица нејзините специјални сили извршија десант и заземање на бродот наводно со руска нафта, поради сомневање дека наводно оштетил подводен кабел.
Земјите од Балтичкото Море се во состојба на висока готовност додека НАТО во петокот најави дека ќе го зголеми своето присуство во регионот по серијата прекини на енергетските кабли, телекомуникациските врски и гасоводите за кои се објавуваат наводни сомневање дека се цели на саботажи, по руската инвазија врз Украина во 2022 година а особено кога беа извршени саботажи врз четирите цевководи врз гасоводите Северен тек во истото море во близина на Данска и Шведска, за што се обвинети западните тајни служби предводени од САД или наводни украински диверзанти.
Припадници на крајбрежната стража се качиле на бродот регистриран на Куковите острови идентификуван од властите како „Eagle S“, и ја презеле контролата врз него во Балтичкото Море пред да го пренасочат во финските води.
Финската полиција верува дека „Eagle S“ „можеби ги оштетил поморските кабли ден претходно со влечење на сидрото преку морското дно.
„Полицијата започнува операција за преместување на танкерот Eagle S од Финскиот залив во Свартбек, во внатрешното сидриште во близина на пристаништето Килпилахти“, соопшти во саботата полициската управа во Хелсинки. „Ова би било подобро место за спроведување истраги“, додаваат.
Финската царинска служба „верува“ дека бродот е дел од „флотата во сенка“ на застарени танкери што се користат за избегнување на западните санкции за продажба на руска нафта.
Кремљ во петокот објави дека е помалку го загрижува финското запленување на бродот. Русија во минатото негираше вмешаност во каков и да е инцидент на балтичката подморска инфраструктура, за што претходно годинава беше обвинет кинески брод.