Во Финска денеска секру одржуваат претседателски избори на коишто актуелниот шеф на државата Саули Нинисто е фаворит за победа уште во првиот круг.
Според последните анкети, Нинисто би освоил меѓу 58 и 63 отсто гласови додека неговиот противник Пека Хависто од партијата на Зелените би освоил околу 14 отсто, пренесува Асошиејтед Прес.
Ако никој од осуммината кандидати на изборите не освои мнозинство денеска, вториот круг ќе се одржи на 11-ти февруари. Претседателскиот мандат во Финска трае шест години.