-1.2 C
Skopje
петок, ноември 22, 2024

Финска привремено затвора автопат заради воена вежба на борбените авиони

Финска затвори делница од еден од своите главни автопати на пет дена за првпат по децении за да им овозможи на своите борбени авиони да вежбаат слетување и полетување на резервна патна писта.

Нордиската земја, која аплицира за членство во НАТО по инвазијата на соседна Русија на Украина, има дузина слични резервни писти дизајнирани за воена употреба низ целата земја.

Но, резервната патна база лоцирана во Јутса, централна Финска, не се користи со децении поради нејзината важност како главен автопат што го поврзува главниот град Хелсинки со посеверните делови на земјата.

Сепак, на финските воздухопловни сили им беа потребни само неколку дена да го исчистат овој автопат и да го подготват теренот за вежбата во која учествуваат околу 200 воени лица, како и фински борбени авиони Ф/А-18 Хорнет, постари типови на авиони за обука и други воени авиони, потврди шефот на Финската академија на воздухопловните сили, полковник Веса Мантила.