Првиот човека на финскиот завод за јавно здравство во петокот порача дека насоките од Светската здравствена организација СЗО, со кои се повикуваат државите да тестираат што е повеќе можно лица, немаа смисла бидејќи лицата кои имаат благи симптоми и не име е потребна лекарска помош немаат никава полза од тестирањето, туку само ги трошат ресурсите.
За разлика од многу други земји во светот, Финска се реши за тестирање на коронавирусот кај само најзагрозените групи од населението, и работниците во здравствениот систем. Финскиот систем за јавно здравство порача дека тестирањето на лицата со благи симптоми би било бескорисно трошење на ресурстите во здравствениот систем.
„Не ги разбираме инструкциите на СЗО за тестирање. Повеќе не можеме во потполност да ја отстраниме болеста од светот. Ако некој тоа го тврди, не ги разбира пандемиите“, рече за дневниот весник Helsingin Sanomat, Мика Салминен, шеф на Финскиот институт за здравје и благостостојба.
Генералниот секретар на СЗО, Тедрос Аданон Гебрејесус, изјави во средата дека тестирањето и стратегијата на следењето на заразата „мора да бидат темел на одговорот во секоја земја“.
Видливоста на ширењето на заразата во Финска, којашто има околу 5,5 милиони жители, рапидно е намалена откако властите минатата седмциа го ограничија тестирњето поради недоволните капацитети.
До четвртокот околу 3.000 луѓе се тестирани на коронавирусот во Финска, а потврдени се околу 400 случаи на зараа, соопштија тамошните здравствени власти и додаваат дека бројот на заразените би можело да биде 20 до 30 пати поголем.
Салмине вели дека Финска би можела да третира околу 1.500 лица дневно, но не ги користи полните капацитети. „Не тестираме колку што би можеле, туку кога тоа е потребно“, вели во интервјуто.
Најагресивното тестирање го спроведува Јужна Кореја, којашто до 15-ти март, според министерот за надворешни работи Канг Кјунг-вау, тестирала повеќе од 250.000 луѓе.