Финска на својот југоисток детектирала помало количество радиоактивни изотопи во воздухот, но не постои ризик за луѓето и наведува дека таквите забележувања се „нормални“, објави тамошната агенција за нуклеарен надзор.
„Откриената радиоактивност нема влијание врз околината или здравјето на луѓето, бидејќи концентрациите се многу ниски“, соопшти финската надзорна агенција STUK.
Финска, Шведска, Русија и поширокиот регион имаат бројни нуклеарни реактори, и чести се детектирањата на помалку количества радијација.
„Помали количества циркониум и ниобиум може да побегнат во воздухот, на пример од горивата за нуклеарните централи во текот на нивното одржување“, додаваат од STUK.
Во текот на собирањето на примероците, струењата на воздухот се движеле од исток и југоисток, но изворот на радијацијата не е познат.
Од STUK не планираат натаму да го истражуваат ова откритие, бидејќи тоа е „целосно нормално“.