Финска го обезбеди првото место меѓу најсреќните земји во светот и ја освои титулата седма година по ред, според извештајот на Мрежата за решенија за одржлив развој, спонзорирана од Обединеите нации, објавен во средата.
Просечната оцена на оваа нордиска земја е 7,7, а потоа следат Данска, Исланд и Шведска. На другиот крај од табелата е Авганистан, кој среде хуманитарна катастрофа по враќањето на талибаните на власт во 2020 година го зазеде последното место од 143 земји со оценка 1,7.
Првпат по поведеќе од десет години САД и Германија не се меѓу првите 20 најсреќни нации, паѓајќи на 23-то и 24-то место. Франција го зазеде 27-то место.
Во првите 20 се најдоа Костарика и Кувајт, кои ги зазедоа дванаесеттото и тринаесеттото место, а меѓу првите 20 земји нема ниту една д најнаселенените земји во светот.
„Меѓу првите десет, само Холандија и Австралија имаат повеќе од 15 милиони жители, а во првите дваесет само Канада и Обединетото Кралство имаат повеќе од 30 милиони“, се вели во извештајот.
Најголем пад на индексот на среќа од 2006 до 2010 година имаат Авганистан, Либан и Јордан, а најголем раст имаат Србија, Бугарија и Латвија.
Годишниот извештај на Светскиот индекс на среќа, започнат во 2012 година за поддршка на Целите за одржлив развој на Обединетите нации, се заснова на податоци од американската компанија за истражување на пазарот Gallup и е објавен од Мрежата за решенија за одржлив развој на Обединетите нации. Се заснова на проценката на луѓето за нивната среќа, како и податоци за економските и социјалните услови.
Од жителите на 143 земји и региони се бара да го оценат своето задоволство од животот на скала од нула до 10. Извештајот, исто така, зема предвид шест клучни фактори: социјална поддршка, личен доход, здравје, слобода, великодушност и отсуство на корупција.
Во широка смисла, рангирањето е во слаба корелација со просперитетот на една земја, но други фактори како што се очекуваниот животен век, социјалните врски, личната слобода и корупцијата, исто така, се чини дека влијаат на проценките на поединците.
Близината до природата и добрата рамнотежа меѓу работата и приватниот живот се клучот за среќата за Финците, изјави за AFP Џенифер Де Паола, истражувач специјализиран за оваа тема од Универзитетот во Хелсинки.
Финците имаат различни приоритети кога станува збор за концептот за успешен живот, во споредба со, на пример, САД каде успехот често се поврзува со финансиска добивка, додава Де Паола.
Довербата во институциите, ниското ниво на корупција и слободниот пристап до здравството и образованието се, исто така, важни. Де Паола истакнува дека „финското општество е проткаено со чувство на доверба, слобода и високо ниво на автономија“.
Годишниот извештај, исто така, нагласува посилно чувство на среќа кај помладите генерации отколку кај постарите во повеќето региони и земји.
Индексот на среќа значително падна од 2006 до 2010 година кај луѓето под 30 години кои живеат во Северна Америка, Австралија и Нов Зеланд и сега е понизок отколку кај постарите луѓе во истите области.
Но, во исто време се зголеми во сите возрасни групи во земјите од Источна Европа. Словенија, Чешка и Литванија се меѓу првите 20 земји. Јазот меѓу генерациите се продлабочи насекаде во светот, освен во Европа, која авторите на извештајот ја сметаат за „загрижувачка“.