Финска стави во работа нуклеарна централа за да го смири пазарот на електрична енергија

Финскиот нуклеарен реактор Олкилуито 3 по долго одложување во саботата започна пробно производство, објави операторот TVO, а се очекува дека со времето ќе ја намали потребата на оваа нордиска земја за увоз од електрична енергија и ќе доведе до пониски цени на струјата.

Реакторот од 1,6 гигавати (GW) требаше да биде ставен во функција уште во 2009 година, но го следеа технолошки проблеми кои станаа предмет на тужби.

Станува збор за првата нуклеарна централа во Финска по повеќе од четири децени и првата во Европа по речиси 15 години. Олкилуото 3 го започнал пробното производство на малку повеќе од 0,1 гигавати, што е само мал дел од вкупниот капацитет, а целосно и редовно производство на електрична енергија е планирано за крајот кон јули годинава.

„OL3 значително ја унапредува самодоволноста на Финска во производството на електричната енергија и помага во постигнување на целите за карбонска неутралност“, соопшти операторот „Teollisuuden Voima“ (TVO).

Компанијата е во сопственост на финското претпријатие „Fortum“ и помали енергетски и шумарски претпријатија.

Се очекува дека ќе задоволува 14 отсто од побарувачката на електрична енергија во Финска кога ќе стане целосно оперативен, со што ќе се намали потребата од увоз од Русија, Шведска и Норвешка.

„Олкилуото 3 ќе ја намали увозната зависност на Финска и ќе стане зона на евтина цена“, изјавил за Reuters Александер Есер, економист во компанијата „Aurora Energy Research“.

Финскиот нето увоз на електрична енергија во просек изнесуваше 13 терават часови (TWh) последните години, што би се требало да го намали на пет до осум TWh до 2025 година од Олкилуото 3 во погон, додал Есер.

Нуклеарната енергија и натаму е контроверзно прашање во Европа, а некои земји како Германија постепено ги гасат реакторите од безбедносни причини, додека други како Франција и Велика Британија разгледуваат градење нови.

Финска е единствената нордиска земја со голем дефиците во електричната енергија, вели Мариус Холм Ренесунд, партне на консултантската куќа „Themа“ со седиште во Осло.

Во „Thema“ предвидуваат дека финските големопродажни цени на електричната енергија ќе падната на 60 евра за мегават час (MWh) во 2023 година од предвидените 70 евра за мегават час годинава. Финските големопродажни цени на струката во 2024 година би можело да паднат на 45 евра по мегават час, оценува Ренесунд.