Финската сауна додадена на листата светско културно наследство

Финската сауна е додадена на листата на УНЕСКО на светското културно наследство, објавија агенцијата при Обединетите нации и владата на Финска.

„Сауната е интегрален дел од секојдневнието на животот и прославите, како и начин на животот и одржувањето на здравјето за Финците“, изјави финската министерка за наука и култура Аника Саарико.

„Поради тоа нашата култура кон сауната ќе биде уште попозната ширум светот. Сите корисници на сауната ќе може да се гордеат со тоа“, додаде министерката.

Сауните во Финска се домашни и јавни, и ги има во различи големини и форми, вклучително и електричи и на дрва. Претставуваат многу повеќе од само миење, а карактеристично за финските е „лоили“, односно фрлање вода врз печката или вжештените камења што создава пареа.

„Луѓето така ги прочистуваат своите тела и умот и го добиваат чувството на внатрешен мир“, се наведува во соопштението на УНЕСКО.

Речиси 90 отсто од Финците ја користата сауната најмалку еднаш во седмицата, а во земјата има околу 3,2 милиони сауни. Воедно ова е првпат Фунска да велзе на листата на светското културно наследство на УНЕСКО.