Финскиот претседател Ниинисто прогласи изборна победа

Финскиот претседател Саули Ниинисто прогласи изборна победа откако во првиот круг од неделните претседателски избори оствари голема предност пред своите противкандидати.

По пребројувањето на 98,3 отсто од гласовите, Сауло Ниинисто, кој се кандидираше за вториот мандат, освои 62,7 отсто од гласовите, соопшти министерството за правда на Финска, задолжено за спроведување на изборниот процес.

Според овие податоци, неговите противкандидати Пекка Хаависто, од Зелените, освоил 12,3 отсто, Лаура Хухасаари 6,9 отсто, Пааво Вјарјинене 62 проценти, додека преостанатите четворица кандидат освоиле помалку од пет отсто од гласовите. Конечните резултати од изборите министерството за правда ќе ги соопшти во вторник, 30-ти јануари.

Хаависто, го призна поразот и рече дека „Ниинисто очигледно победи во оваа трка, топло ми честитам“.

„Благодарен сум, трогнат сум од тоа што луѓето му укажаа толку широка поддршка и тоа кај мене предизвикува чувство на одговорност, Морам одговорам на довербата на своите сограѓани. Морам да одговорам на повикот на избирачите“, истакна Ниинисто во интервју за странските новинари кого го очекува новиот шестгодишен мандат на чело на Финска.

Шеест и деветгодишниот Ниинисто во претходниот мандат успешно балансираше во односите со моќниот сосед Русија и САД. Одржуваше редовни контакти со рускиот претседател Владимир Путин и ги јакнеше истовремено односите со НАТО, иако земјата се одлучи да не стане членка на алијансата.

Финскиот претседател е креатор заедно со владата на надворешната и одбранбената политика на земјата, но инаку неговата должност е главно церемонијална. Ниинисто беше член на партијата од десниот центар Национална коалиција, но на овие избори беше независен кандидат.

„Сторив сѐ што можам за да се води дијалог меѓу Русија и Западот, НАТО, Европската унија и дури и САД“, изјави за Reuters во саботата.

Адвокат по професија, Ниинисто беше министер за финансии во 1990 години и стана познат по мерките за штедење по рецесијата којашто ја зафати земјата, како и по одлуката да се воведе еврото.