Фиорела сака да го преслуша и Лионел Меси

Аргентинската манекенка Фиорела Кастиљо моментално важи за најголема сензација на Светското фудбалско првенство во Бразил. Освен што е прекрасна, Фиорела е врвна жонглерка, а тоа го покажа и пред камерите на плажата.

„Ипанема” во Рио де Жанеиро. Таа предизвика дури 800 мажи да ја победат во жонглирање, но никој не успеа повеќе од неа да ја задржи топката во воздух.

-Ми се допаѓа се што можам да правам со топката. Да се натпреваруваш со 800 мажи и да ги победиш е вистинско задоволство за мене. Ќе се вратам дома многу среќна, а кој сака да ме победи е добредојден”, изјави Фиорела.
Прекрасната манекенка е убедена дека може да го победи и најдобриот фудбалер во репрезентативниот дрес на Аргентина, Лионел Меси.

“Би го добила и Меси. Сигурно сум подобра од него во техника, дури и ако бидам на високи потпетици”, додаде Фиорела.