Фиорентина „на пенали“ до победа, Јуве и натаму без победа

Во последниот натпревар од саботната програма на третото коло во италијанското фудбалско првенство, Фиорентина со 2:1 славеше на гостувањето кај Аталанта а сите три гола беа постигнати од белата точка.

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ ја доведе Фиорентина во водство во 33 минута, а истиот играч го удвои водството повтоно од пенал во 49 минута. Колумбиецот Дуван Запата го намали заостанувањето на Аталанта, исто така, од најстрогата казна во 65 минута, но до крајот немаше промена на резултатот.

За Аталанта ова е првиот пораз во новата сезона и падна на 10-то место со четири бодови, а Фиорентина со шест бодови се искачи на шестата позиција на табелата.

Во дербито на колото Наполи, за кое првото полувреме го одигра македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, со пресврт впиша победа над Јувентус со 2:1 и со максимални девет победи се искачи на врвот на Серија А. Торинската „Стара дама“ сѐ уште нема победа и со два пораза и едно реми е 16-та со еден бод.

Дуелот добро започна за осетно ослабениот тим од Торино, кој не можеше да смета на речиси половинат од стандардната прва постава, но во 10 минута дојде до предност со голот на Шпанецот Алваро Мората по големата грешка на Манолас. Токму во тој период Наполи изведе дури шест удари од корнер, а притисокот домашните го продолжија и по примениот гол но пресвртот следеше во вториот дел.

Матео Политани израмни во 57 минута, а во 85 минуа победата на наполитанците им ја донесе Калиду Кулибали по големата грешка на на италијанскиот репрезентативец Моис Кин, кој по ударот од корнер пред голот на Јуве реагираше како напаѓач и со глава ја упати топката кон својот голман, а Кулибало беше најблиску до одбиената топка и ја спроведе во мрежата.

Венеција славеше со 2.1 на гостувањето кај Емполи и дојде до првата победа по враќањето во Серија А по 19 години. Интересно за Венеција ова беше третото гостување во новата сезона, а по воведните порази од Наполи и Удинезе.

Головите за гостите ги постигнаа Томас Хенри во 13 и Давид Окереке во 68 минута, а за домашните од пенал намали во 89 минута Недим Бајрами.

Венеција со трите бода сега е 12-та, а Емполи е место погоре со ист број бодови.