
Екипата на Интер влегува во резултатска криза, откако по убедливиот пораз од Каљари со 4:1 во минатото коло, синоќа на гостувањето кај Фиорентина доживеа нов висок пораз од 3:0. Фиорентина во текот на целиот меч беше подобар противник и си три прекрасни голови стигна до заслужена победа.
Домаќинот поведе по само седум минути игра, а стрелец на водечкиот гол беше Бабакар кој испрати еден микроскопски прецизен и силен удар во десниот горен агол од голот на Интер кој не успеа да го скроти ниту високиот Хандановиќ, иако се испружи колку што е долг. Само 12 минути подоцна Квадрадо зголеми на 2:0, со нов прекрасен гол, кој од дваесетина метри испрати вистинско торпедо во мрежата на Хандановиќ.
Конечните 3:0 ги постави српскиот интернационалец Ненад Томовиќ во 76-тата минута кога практично се прошета покрај одбраната на Интер и ја смести топката во мрежата. Со оваа победа Фиорентина се искачи на 9.место, додека Интер падна на 10-тото.
Серие А, 6.коло
Недела:
Фиорентина – Интер 3:0
Наполи – Торино 2:1
Јувентус – Рома 3:2
Удинезе – Чезена 1:1
Парма – Џенова 1:2
Лацио – Сасуоло 3:2
Сампдорија – Аталанта 1:0
Емполи – Палермо 3:0
Сабота:
Милан – Киево 2:0
Верона – Каљари 1:0
Табела: Јувентус 18, Рома 15, Сапдорија 14, Удинезе 13, Милан 11…