
Компанијата „Серта“ е фирмата за која Основното јавно обвинителство Скопје вчера извести дека спроведува истражна постапка за учество во тендери со фалсификувани документи, објави „Фокус“.
Компанијата во 2018 и 2021 на два пати учествувала во конзорциум за набавка на средства за хигиена во повик објавен од Службата за општи и заеднички работи и врз основа на лажни документи се стекнала со вкупен приход од 1,35 милиони евра.
Основниот кривичен суд Скопје за одговорното физичко лице бара мерки на претпазливост и забрана за располагање со парични средства од банкарските сметки на правното лице.
Засега нема реакција од Владата.