Фирми се обиделе да избегнат царина во износ од околу милион денари

Во вториот случај, фирма увозник од Штип за увозно царинење пријавила  ХТЗ опрема во вредност од 4.934,78 евра.

Фирмата приложила доказ за преференцијално потекло на стоката од Бугарија, со царинска стапка 0% и увозни давачки во износ од 57 илјади денари.

И во овој случај, Царинската управа се обратила до Царинската служба на Бугарија со барање за дополнителна проверка на приложениот доказ.

Од Бугарија е добиен одговор дека стоката не ги исполнува условите за стекнување со преференцијално потекло, како резултат на што се јавува разлика од 75 илјади денари помеѓу пријавените и новоутврдените увозни давачки (без преференцијално потекло), од кои 63 илјади денари на име на царина и 12 илјади  денари ДДВ, информираат од Царинската управа.

Вкупно, двете фирми заедно се обиделе да избегнат царински давачки во износ од околу милион денари (989.935 денари).