Фирми за трговија со струја имаат син му на Зоран Заев и син му на Муса Џафери, ама немаат децата на работниците

Затоа што има 18 години и затоа што има услови. Може татко му да му даде да си отвори бутик или кафич, и за тоа не е вклучена државата, но за трговија со електрична енергија апсолутно е вклучена државата затоа што Регулаторната комисија за енергетика дава лиценца односно дозвола на фирма која што прави трговија со електрична енергија и таа треба да исполнува услови и во Македонија исполнуваат услови фирмата на син на Муса Џафери и фирмата на син му на Зоран Заев, потенцира Алескандар Николоски.

Попретседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека не гледа децата на работниците, децата на чуварите, полицајците и децата на оние кои што работат во Железара, или децата на оние кои што се текстилни работнички отвораат фирми за трговија со електрична енергија.

Претходно седмицава беше објавено дека Душко Заев, 18-годишниот син на поранешниот премиер Зоран Заев, основал претпријатие за производство на електрична енергија, а компанијата која ќе ја води е „Тотал енерџи“ со седиште во Струмица. Семејството Заеви поседува бизниси во повеќе дејности, но ова е првпат да бидат поврзани со производство на електрична енергија.

Префиксот „Тотал“ го носат уште две компании во кои стонастотен сопственик е Вице Заев, братот на поранешниот премиер, а тоа се „Тотал инженеринг“ и „Тотал електрик“. Семејството Заеви заедно со своите партнери главно делуваат во градежниот бизнис, но се занимаваат и со транспорт, малопродажба, трговија.

Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ и некогашен вицепремиер Муса Џафери, пак, од поодамна е сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“.

Помладиот Џафери ги полнеше медиумите ланскиот октомври кога во кафеана во скопско Дебар маало физички го нападна Марко Бисломоски, директор на Регулаторната комисија за енергетика, поради тоа што неговата фирма беше на листата фирми на Регулаторна за одземање лиценци на снабдувачи на електрична енергија бидејќи не ги обезбедиле навреме и во целост количествата струја до потрошувачите со кои имаат склучено договори.