Фирми и граѓани должат 133 милиони евра на УЈП

На листата на должници која ја објави УЈП се 5 105 фирми и граѓани кои имаат доспеани долгови до 31 мај, а не ги платиле до 31 август. Иако вкупниот долг е во нето износ од 8.210.260.105 денари или повеќе од 133 милиони евра, од УЈП посочуваат дека има намалување од речиси шест милиони евра.

На врвот на листата на должници е фирмата „СГСМ Оил Гас Сервис“ која должи 218.853.092 денари, односно над 3,5 милиони евра. Второ е Јавното комунално претпријатие Гостивар кое должи околу 2,3 милиони евра, а на трето место е „Мил Давид ДОО Скопје“ која должи 126 милиони денари.

По нив следуваат „Дивелоп Груп ДОО Скопје“, компанија во чија сопственост е хотел „Мериот“ која должи 123 милиони денари за ДДВ и данок на добивка.