![133603799](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/03/133603799-17.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
На истекот на рокот, следната недела во среда, Централниот регистар ќе врши прием на годишни сметки за 2016 година во хартиена форма за трговци поединци и самостојни вршители на дејност во сите регистрациски канцеларии ширум Македонија од 08:00 до 20:00 часот.
На 15 март Централниот регистар ќе организира прием на годишни сметки и во просториите на општините Кратово и Крушево и во просториите на Уни банка во Демир Хисар, во периодот од осум до 16 часот.