Фирмите на Зоран Заев со годишна заработка од два милиони евра

Два милиони евра во 2012 година чиста добивка оствариле 14 фирмите со кои раководи, е во корелација или се во сопственост на семејството Заеви, покажуваат податоците и завршните сметки до кои што дојде Нетпрес.

Додека Зоран Заев и СДСМ постојано обвинуваат и тврдат дека постои загрозување на слободата, недосиг на демократија вклучително и пазарна демократија, Заеви оствариле чиста заработка од цели 2 милиони евра за само една година работа. Полниот џеб на Заеви кажува дека праксата е сосема спротивна од она што секојдненво го говори СДСМ на митинзи и на јавни настапи. Но и дека „ситните тендерчиња” за кои Заев велеше дека одат преку општина до неговите фирми и не биле воопшто така мали.

 

Назив на фирма :

Нето добивка за деловната година (2012)

Име и презиме:

Друштво за производство, трговија и услуги ЈАВОР-ТРАНС ДООЕЛ Струмица

8.410.257,00 денари

Горан Крстев (ортак на Вице Заев, брат на Зоран Заев). Горан Крстев беше заедно со Заев вмешан во аферата Глобал.

Друштво за транспорт, трговија и услуги ЈАВОР-ШПЕД ДООЕЛ увоз-извоз Струмица

11.125.229,00 денари

Симеон Крстев (татко на Горан Крстев, бизнис партнер во повеќе зделки на Зоран Заев)

Друштво за преработка на овошје и зеленчук ТРГОПРОДУКТ ДОО увоз-извоз Струмица

6.076.156,00 денари

Катерина Бојовиќ Заева (братучедка на Зоран заев)

Убавка Заева (стрина на Зоран Заев)

Бобан Заев (братучед на Зоран Заев)

Акционерско друштво за градежништво Пелагонија Струмица

920.542,00 денари

Трајче Заев (братучед на Зоран Заев)

Друштво за производство, трговија и услуги ФРЕНКИ ДОО експорт-импорт Струмица

15.299.306,00 денари

Трајче Заев (братучед на Зоран Заев)

Друштво за производство, трговија, услуги и градежништвоОмни ГРАДБА ДОО увоз-извоз Струмица

13.333 денари

Трајче Заев (братучед на Зоран Заев)

Акционерско друштво индустрија за градежни материјали ЕЛЕНИЦА Струмица

44.193.909,00 денари

Трајче Заев (братучед на Зоран Заев)

Вице Заев (брат на Зоран Заев)

Катерина Бојовиќ Заева (братучедка на Зоран Заев)

Друштво за градежништво, производство, трговија и услуги САРА-ЈАВОР ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Струмица

7.378.361,00 денари

Вице Заев (брат на Зоран Заев)

Горан Крстев (ортак на Вице Заев, брат на Зоран Заев)

Друштво за производство, трговија и услуги САРА ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Струмица

9.011 денари

Вице Заев (брат на Зоран Заев)

Горан Крстев (ортак на Вице Заев, брат на Зоран Заев)

Друштво за производство, трговија и услуги ДРАВАС ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Струмица

22.877 денари

Вице Заев (брат на Зоран Заев)

Горан Крстев (ортак на Вице Заев, брат на Зоран Заев)

Друштво за градежништво и инженеринг ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Струмица

2.772.929,00 денари

Вице Заев (брат на Зоран Заев)

Друштво за производство, трговија и услуги ТОТАЛ ЕЛЕКТРИК ДОО увоз-извоз Струмица

4.686.654,00 денари

Катерина Бојовиќ Заева (братучедка на Зоран Заев)

Вице Заев (брат на Зоран Заев)

Радиша Бојовиќ Заев (зет на Зоран Заев)

Друштво за трговија ЗОВИ-ПРОМЕТ ДОО увоз-извоз Струмица

85.658 денари

Панче Заев (татко на Зоран Заев)

Љупчо Заев (чичко на Зоран Заев )

Финансиско друштво ПЕОН ДОО Струмица

20.647.778,00 денари

(добивка за финансиска година)

Катерина Бојовиќ Заева (братучедка на Зоран Заев)

Убавка Заева (стрина)

121.642.000,00 денари

 

Зоран Заев во декември 2013 година изјави дека сеуште спаѓа во средната класа иако неговото семејство остваруваат заработка од 2 милиони евра за една година.

„Лично јас спаѓам се’  уште во средната класа, но доаѓам од богато семејство, кое има 820 вработени. Kапиталот е проценет на шест-седум милиони евра, во кредити се исто толку пет-шест милиони евра, апсолутно влезени да се докажеме пред општеството обидувајќи се редовно да дадеме плата и да ги платиме даноците на државата и да генерираме нови производи, нови продукции, кои значат нови инвестиции. С` што имаме е овде во Македонија. Мојот анкетен лист е реално достапен на јавноста. Мојот личен имот заедно со моите и со возилата на сопругата вреди 60-70-80 илјади евра“, изјави Заев неодамна во интервју за МТВ.