Физичка пресметка меѓу вработени во тетовската болница

Двајца варботени во болницата во Тетово, меѓусебно се пријавиле за физички напади на работното место во средата, соопшти во четвртокот Министерството за внатрешни работи.

Во средата во 12,45 часот, 41-годишниот А.Е. од Тетово пријавил дека околу 11 часот во тетовската клиничка болница, каде бил вработен, физички бил нападнат од  50-годишниот Н.С. од тетовското село Селце, исто така, вработен во болницата.

Набрзо потоа, Н.С. пријавил дека тој бил физички нападнат од А.Е и од уште неколку други лица кои не биле вработени во болницата.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.