Во салата било тензично и очигледна нетрпеливоста помеѓу струите во ЛДП, а извешатаите од претседателот Милевски едвај поминале на гласањето со тесно мнозинство, дознава А1он.
Незадоволни од ваквата атмосфера, видни членови на ЛДП ја напуштиле седницата на ЦО, со негодување. Никица Корубин, кандидатот за пратеник реагира дека не може претседателот да се стави над централниот одбор, ниту по стаут ниту по Деловник.
Негодувањето почнало по говорот на Милевски кој како што кажуваат присутните на седницата рекол “како знае дека атмосферата е тензична, зошто по десет години треба да се делат функции“.