Физички и психички малтретиран малолетник на „Рекорд“

Малолетник бил физички и психички малтретиран од неидентификуван насилник ноќта кон неделата на автобуската постојка „Рекорд“ во строгиот центар на Скопје, извести Минисерството за внатрешни работи.

Во неделата по два часот по полноќ 44-годишната пријавила дека претходниот ден во 23,30 часот на улицата „Димитрие Чуповски“, поточно на автобуската постојка „Рекорд“, од страна на непознат сторител бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад над незјиниот малолетен син.

Сторителот го удрил нејзиниот син со тупаница во пределот на лицето, од што се здобил со видливи повреди во вид на расекотина на горната усна и крварење од носот и устата.

Потоа сторителот од џеб извадил мал нож на расклопување и продолжил вербално да му се заканува на оштетениот по што си заминал. По кратко време дошол со уште неколку лица и продолжил вербално да го навредува.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.