ФК Вардар го елиминираше Тиквеш во Купот на Македонија

Фудбалерите на Вардар обезбедија четвртфинале во Купот на Македонија откако денеска со 2:0 го совладаа Тиквеш во осминафиналето, благодарение на два гола на Дианиси.

Во еден натпревар со малку шанси и поголема борба на средината на теренот Вардар поведе во 76. минута.

Напаѓачот Дианеси доби еден дуел со противничкиот дефанзивец и успеа да го матира голманот на гостите од Кавадарци. Истиот играч во самата завршница ги постави и конечните 2:0.

Во следната рунда се пласираа Гостивар со триумфот над Брегалница (1-0), која си постигна автогол, Брера која беше подобра од Беса (2-0) и Струга по триумфот над Македонија ЃП (2-0). Силекс по изведување пенали (4-3) го елиминира Шкупи, откако средбата во регуларниот дел заврши без голови.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ
Шкендија Тетово – Шкендија Арачиново 1-0
Вардар – Тиквеш 2-0
Брера – Беса 2-0
Силекс – Шкупи 0-0 (по пенали: 4-3)
Гостивар – Брегалница 1-0
Арсими – Воска 3-1
Струга – Македонија ЃП 2-0