ФК Вардар се враќа на арената „Тодор Проески“ во Скопје

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб скопски Вардар повторно се враќа дома, на Националната Арената „Тодор Проески“.

В сабота ќе го пречека тимот на Охрид на нашиот најголем стадион. Ова со оглед дека Работнички е гостин на Шкупи, па арената е слободна за користење.На мечот против Охрид вардарци за првпат ќе настапат како второлигаш на арената „Тодор Проески“.

Почнува третиот круг од првенството во Втората лига Запад, а Вардар е третопласиран со 34 бода, пет помалку од Воска и 12 бода помалку од лидерот Силекс.