Фудбалскиот клуб Вардар го потврди трансферот на Јасмин Мециновиќ кој во редовите на црвено-црните пристигнува од тимот на Беса.
Мециновиќ е одбранбен играч кој во Македонија настапуваше за: Скопје, Македонија Ѓ.П, Ренова, Пелистер и Струга.
Зад себе има и интернационална кариера во екипите на: Шериф Тираспол (Молдавија), Сонгдал (Норвешка), Егри и Ломбард Папа (Унгарија), Банатс (Ерменија), Рудар Плевља, Подгорица (Црна Гора), Трепча, Феризај (Косово), Мелака(Малезија) и Нејмех (Либан).