ФК Вардар со поддршка за навивачите и реакција до организаторот

Во врска со вчерашните немили настани на натпреварот од првото коло од новата сезона во ПМФЛ, помеѓу екипите на Пелистер и Вардар, екипата на ФК Вардар изразува жалење за вчерашниот инцидент на Тумбе Кафе во Битола каде беа повредени неколкумина навивачи на нашиот клуб.

„Клубот им посакува побрзо закрепнување на повредените навивачи, и токму за таа цел клубот овозможи итни лекарски прегледи и третмани во клиниката Систина за сите повредени навивачи.ФК Вардар осекогаш ги осудувал ваквите немили настани и очекува фудбалската федерација на Македонија да ги превземе сите потребни мерки за спречување на секаков вид инциденти кои го нарушуваат Фудбалските стандарди во Македонија, како и угледот на македонскиот фудбал генерално.Исто така, сакаме да изразиме и незадоволство за вчерашниот натпревар од организациски аспект на домаќинот. Беа направени многубројни пропусти од страна на организаторот, при што очекуваме раководните лица фо ФФМ да превземат соодветни мерки.ФК Вардар како и секогаш до сега, продолжува со борбата против насилството на трибините, и секогаш ќе настојува да го подобрува угледот на македонскиот фудбал,“ се вели во реакцијата на ФК Вардар.