Нова радост за најмалите. Јато од 15 млади фламинга добија свое катче во скопската зоолошка градина. Тие сè уште немаат впечатлива розева боја, бидејќи треба да ја оформат за пет години. Бојата ја добиваат преку пигмент од специјална храна со која ќе бидат хранети. Новото живеалиште е со површина од околу 40 метри квадратни, терасата е на околу 120 квадрати, а има и посебно езерце направено по сите стандарди. (Изјава)
„Се работи за големо или розово фламинго. Ги има во Јужна Америка, Јужна Африка, во Европа, Португалија, Кипар, Албанија, Шпанија, сега ги имаме и во Скопје. Се работи за 15 млади птици кои имаат помалку од една година затоа се уште ја немаат онаа повпечатлива розова боја“, рече Тина Мицковска, ЗОО Скопје.
„Очекувам во текот на летниот период да може да ги претставиме и пингвините. Ќе имаме два вида на најегзотични птици во нашата Зоолошка градина. Ги повикувам скопјани да ја посетат, притоа да се придржуваат сите до протоколите“, рече Петре Шилегов градоначалник на Скопје.