Флеш добил нов идентитет откако бил силуван од професор по физика

Професор на Универзитетот Мичиген во САД е обвинет дека имал сексуални односи со куче од расата Басет од јануари до март годинава, па сега кучето добило нов идентитет и е ставено во програмата за заштита на сведоци.

Кучето, кое претходно се викало Флеш, наводно било сексуално нападнато од физичарот Џозеф Алан Хатеј(51) од Државниот универзитет во Мичиген (МСУ), велат обвинителите, а пренесува „Метро“.

Наводниот напад се случил во кампусот на МСУ, но официјални лица одбија да коментираат дали кучето може да се користи како доказ во судскиот процес против Хатеј.

Кучето сега е во супер дом со одлично семејство и во основа е заштитен сведок. Бестијалноста (сексот со животни) е нешто што се случува зад затворени врати и тешко е да се откриеи, зјави за медиумите Џон Динон од Центарот за контрола на болести и заштита на животните „Ингхам Каунти“.

Хатеј негира дека е виновен, но, сепак, е суспендиран од работното место додека не заврши процесот. Тој завчера беше пуштен да се брани од слобода, а ако се докаже обвинението, се соочува со затворска казна до 15 години.