Флик, Гвардиола, Манчини и Тухел кандидати за наградата тренер на годината според ФИФА

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ги именуваше кандидатите за најдобар тренер во 2021 година.

На листата се: Антонио Конте (Интер/Тотенхем), Ханс Дитер Флик (Баерн/Германија), Хосеп Гвардиола (Манчестер сити), Роберто Манчини (Италија), Лионел Скалони (Аргентина), Диего Симеоне (Атлетико Мадрид) и Томас Тухел (Челзи).

За кој било од кандидатите можете да се гласа на веб-страницата на ФИФА до 10 декември.

Победникот ќе биде објавен на 17 декември на „The Best FIFA Football Awards“.