Министерот за здравство, Венко Филипче на денеска на прес – конференција денеска потврди дека во изминативе 24 часа, до 12 часот има 12 нови случаи на корона вирус, седум од заразените се од Скопје, а пет од Куманово.
Дваесет и девет пациенти се лекуваат на Клиниката за инфективни болести, а таму една пациентка е на респираторни апарати, а шест пациенти се со потешка клиничка слика, кажа Филипче.
Министерот за здравство потврди дека двегодишно дете е најмладиот пациент во земјава заболено со коронавитусот.
-Двегодишно дете е заболено од Скопје, заедно со своите родители имаат позитивни тестови на вирусот, но се во стабилна состојба и се во домашно лекување- рече Филипче.
Најави дека од денеска ќе почне новото тестирање на пациентите кои беа во контакт со директорката на кожната клиника, но поради големиот број тестирањето ќе се врши во неколку циклуси.
По смртта на пациентката од Куманово, на која и беше дијагностициран корона вирус по смртта рече дека ниту еден од другите членови на нејзиното семејство нема клиничка симптоматологија. По веста дека двајца лекари и една медицинска сестра од кумановската болница се заразени со корона вирус, Филипче најави дека во Куманово ќе се укине меѓуградскиот превоз меѓу Куманово и другите градови, градскиот превоз во Куманово и сите продавници во трговските центри, дури и ако не се во зтворени молови.