Флојд Мејведер се враќа од пензија

(Photo by Al Bello/Getty Images)

Американскиот 43-годишен боксер Флојд Мејкведер, кој во текот на професионалната кариера заработи повеќе од 800 милиони долари, треба повторно да се врати во рингот откако се повлече.

Од таборот на Мејведер потврдија дека ќе има борба на 28-ми февраури следната година во Токио, но сѐ уште не е познато кој ќе му биде противникот.

Мејведер беше светски шампион во пет тежински категории: супер-прдув, лесна, супер-лесна, велтер и супер-велтер категориај. Во професионалната кариера победи во сите 50 борби, од кои 27 ги доби со нокаут.

Најголемото медиумско внимание го привлекао два меча. Првиот беше во мај 2015 година во Лас Вегас, кој беше наречен „Борба на столетието“ и во кој ривал му беше Филипинецот Мани Паквјао. Мејведер таа борба ја доби со одлука на судиите.

Во август 2017 година, исто така во Лас Вегас, боксуваше против ирскиот мајстор во мешовитите боречки вештини (ММА), Конор Мекгрегор и го победи со технички нокаут. Со таа борба заработи околу 200 милиони долари и ја заврши боксерската кариера.

Меѓутоа, во декември 2018 година неочекувано се врати од пензијата, и во Саитами во егзебициски боксерски дуел по две минути го нокаутираше јапонскиот кикбоксер Теншин Насукава, и тоа му донесе заработка од девет милиони долари.