Флојд пред смртта 20 пати рекол дека не може да дише, транскрипт од снимката

Целосниот препис од видеоснимката покажува дека 46-годишниот афроамериканец Џорџ Флојд повеќе од 20 пати рекол дека не може да дише, ги довикувал своите деца и покојната мајка и ги предупредувал полицајците дека ќе го убијат пред да почине во текот на бруталното полициско приведување на 25-ти мај во Минеаполис, според текстот од транскриптот кој го објави весникот The New York Times.

Преписот од разговорите на учесниците во инцидентот е направен според видео-снимката која е направена со камерата која ја носел на униформата еден од полицајците. Вкупното времетраење на снимката е 30 и пол минути, а нејзината декрпиција е сочината на 82 страници. Веднаш по инцидентот на интернет беше поставено видео од пруведувањето на Флојд, направено од еден очевидец, но на него има само мал дел од настанот кој траел половина час.

Комплетниот препис ќе овозможи да се расветлат голем број детали од она што се случило, иако тоа нема фундаментално да го смени случајот, забележува The New York Times.

Особено што Флојд не се пожалил само три-четири пати дека не може да диши, како што се добива впечаток од првите снимки, туку тоа го сторил повеќе од 20 пати. Флојд, исто така, им рекол на полицајците дека умира. На крајот, еден од полицајците му посочил на колегата Дерек Шовин да го сврти Флојд на страна бидејќи не му е добро, но овој одбил. Шовин само рекол дека уапсениот треба да престане да зборува затоа што „троши многу кислород“. Додека Флојд останува на земјата под притисокот на Шовин, полицајците разговараат дали тој е под дејство на наркотици, произлегува од транскриптот.

Флојд на полицајците кои го привеле како осомничен за растурање фалсификувана банкнота од 20 долари, исто така, им рекол да не го ставаат во полицискиот автомобил бидејќи бил клаустрофобичен и анксиозен,

Кога се обиделе присилно да го стават во возилото, Флојд кој инаку порано работел заедно со Шовин како обезбедување на ноќен клуб, повикал дека не може да дише и дека „ќе умрам тука“. „Мамо, те сакам. Кажи им на моите деца дека ги сакам. Мртов сум“, рекол подоцна Флојд, се наведува во транскриптот. Ги довикувал мајка си и децата уште неколкупати.

Во еден момент Флојд почнал да инсистира дека ќе го убијат. „Тогаш престани да зборуваш, престани да викаш, за тоа е потребно многу кислород“, му рекол Шовин.

„Не можам да дишам. Тие ќе ме убијат. Тие ќе ме убијат. Не можам да дишам“, биле последните зборови на Флојд цитира весникот делови од транскриптот.

 

Преписот од разговорите за време на апсењето поретходно на судот му ги предала одбраната на еден од учесниците во инцидентот, полицаецот Томас Лејн. Неговиот адвокат инсистира на тое дека Лејн не може да се смета за соучесник во убиството, бидејќи постапил според инструкциите, му посочил на неговиот претпоставен Дерек Шовин и предложил да се обрне внимание на лошата состојба на уапсениот.

Четворицата полицајци кои учествувале во апсењето, Лејн, Шовин, Тоу Жао и Александер Куенг, веднаш ден по инцидентот добија отказ од полицијата во Минеаполис и се обвинети за убиството на Флојд. Секој од нив може да добие 40 години затвор.

Шовин, кој го притискал на вратот Флојд, е обвинет за убиство од втор и трет степен. Тао и Куенг, како и Лејн, се обвинети за помагање и поттикнување на убиство.

Флојд бил приведен поради обвинение дека се обидел да користи фалсификувани банкноти од 20 долари, а откако му биле ставени лисиоци, двајца полицајци го легнале на земја, Шовин со голеното му ги притискал вратот, а четвртиот држел стража.

 

Инцидентот предизвика протести проследени со безредија и вандализам ширум САД, а потоаи и во светот, и повторно ја покрена националната дебата за расизмот и полициската бруталност. Против немирите на масовните протести под мотото „Black Lives Matter“ беше ангажирана и Националната гарда на САД која ги помагаше локалните полициски служби. Во околу 40 градови низ земјата, вклучително и Вашингтон и Њујорк, беше воведен и полициски час.