Остатоците од ураганот Ијан минаа преки американската сојузна држава Вирџинија во неделата, додека погоденото од невремето население на Флорида, како и на Северна и на Јужна Каролина ги чека закрепнување од пустошењето за кои се проценува дека ќе чинат десетици милијарди долари.
Најмалку 53 смртни случаи поврзани со ураганот се потврдени откако Ијан го погоди брегот на Флоридскиот залив со катастрофална моќ во средата како ураган од 4-та категорија, со максимална брзина на ветрот од 240 километри на час. Спасени се стотици лица.
Канцеларијата на шерифот на флоридскиот крајбрежен округ Ли објави дека загинале 42 лица, а 11-те други смртни случаи ги потврдија функционерите од четирите соседни окрузи.
Властите во Северна Каролина соопштија дека загинале најмалку четири лица. Во Јужна Каролина, пак, која беше погодена од ураганот во петокот не е забележани ниеден смртен случај.
По делумното повлекување на поплавата, екипи за потрага и спасување се пробиваат во областите кои на почетокот беа отсечени од остатокот на светот.
Американскиот претседател Џо Бајден и сопругата Џил Бајден во среда непосредно ќе се запознаат со разорувањата на Флорида, објави Белата куќа. Сопружниците Бајден во понеделникот ќе го посетат Порторико, каде што стотици илјади луѓе сѐ уште се без електрична енергија, две седмици откако ураганот Фиона го погоди островот.
Куба повторно добил струја откако поради Ијан беше прекинато снабдувањето во целата земја со 11 милиони жители, додека уништени се домови и земјоделски површини.
Продолжувајќи натаму по копното во САД, Иајн стануваше сѐ послаба посттропска бура. Националниот центар за управување со урагани соопшти дека се можни дополнителни врнежи во делови од Западна Вирџинија и западен Мериленд, додека се предвидува продолжување „големи до рекордни поплави“ во централна Флорида.