Флорида: По убод од комарец со вирусот зика заразени се 35 лица

Здравствените власти на Флорида откриле докази за ширењето на вирусот зика во Мајами Бич – една од најпопуларните туристички дестинации во светот.

Има 35 случаи на локално пренесување на вирусот зика во Флорида, се наведува во соопштението на локалните власти.

Флорида е единствена земја во САД каде е раширен вирусот.

Претходно, локалните власти соопштија дека вирусот се пренесува активно во еден од реоните на Мајами, на територија со површина од околу два километри квадратни.

– Се претпоставува дека површината каде е распространет вирусот е зголемена. Во моментов се врши испитување во девет реони во окрузите Мајами Дејд и Палм Бич, каде е можно да има случаи на локално пренесување на вирусот, изјави гувернерот на Флорида Рик Скот.