![prlicev oh](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/prlicev-oh.jpg?resize=696%2C477&ssl=1)
Повеќе од 200 играорци и музичари од шест културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли од земјава како и од Грција, Србија и Бугарија ќе бидат учесници на фолклорниот фестивал „Велигденските фестивалски денови во Охрид“.
Организаторот на манифестацијата е Здружението Мултикултурната интернационална организација за фолклорни фестивали-МИОФФ.
Фестивалот со име „Велигденски фестивалски денови во Охрид“ традиционално секоја година се одржува првиот викенд после големиот христијански празник Велигден.
Организаторот ги повикува љубителите на народната песна и фолклорот утре во 17:30 часот да дојдат пред платото на Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид и да го проследат 7то фестивалско издание.