Фолксваген и Форд ја дефинираат идната соработка – по доставните, заеднички ќе бидат и електричните возила. Според сé уште неофицијални информации, двете компании веќе имаат постигнато начелна согласност за размена на технологиите за електрични, но и автономни возила.
Фолксваген ќе ја сподели со Форд својата електрична платформа МЕВ, а за возврат Форд ќе им ги понуди автономните технологии. Со тоа сојузот меѓу овие два производитела се проширува и надвор од кооперацијата при производството на комерцијални возила.
Од Форд ниту потврдија ниту демантираа дека е постигнат ваков договор, истакнувајќи дека нивните разговори со Фолксвагеен продолжуваат и дека досегашните дискусии биле продуктивни во многу погледи, а новостите ќе ги објават кога ќе бидат испрецизирани. Од Фолксваген одбија да коментираат што и да било, потврдувајќи само дека преговорите со Форд се одвиваат добро.
Новитети може да очекуваме веќе на 11-ти овој месец, кога Надзорниот одбор на германскиот гигант ќе го разгледува продлабочувањето на соработката со Форд.