![FOLTIN FINAL](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/02/FOLTIN-FINAL.jpg?resize=679%2C960&ssl=1)
На 14-ти февруари, во 22:00 часот, во City Hall Center, во Скопје, ќе настапат Фолтин и Диџеј Шурбе.
Омилените Фолтин, по повеќе успешни проекти и концерти зад себе, во земјава и странство во текот на минатата година, за прв пат оваа година ќе ги почестат своите фанови со настап.
Ноќта на љубовта и музиката, ќе започне со настапот на Фолтин, а ќе продолжи со Диџеј сет на единствениот Костадин Шурбановски – Шурбе.
Билетите, кои се во ограничен број, ќе бидат достапни во претпродажба во сите продажни места на КУПИКАРТИЗАСЕ по цена од 200 денари, како и на самиот влез на настанот по цена од 250 денари.