Фон дер Лајен ја претстави новата иницијатива за западен Балкан

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ја претстави во средата во Братислава новата иницијатива за западен Балкан, чијашто цел е земјите од регионот уште веднаш да ја почувствуваат ползата коишто со себе ги носи членството на Европската унија.

„Сакаме уште денеска да осигуриме некои од корисните работи од членството во Европската унија за народите од западен Балкан“, изјави фон дер Лајен во своето обраќање пред Меѓународниот безбедносен форум GLOBSEC во словачката престолнина Братислава.

Станува збор за план за економски раст кој се темели на три столба. Првиот е да се приближи западен Балкан на единствениот европски пазар, другиот столб е продлабочувањето на економската интеграција во рамките на регионот, третиот е забрзувањето на реформите и четвртокот е зголемувањето на претпристапната помош.

„Ние не бараме од нашите партнери само тие да ги прават чекорите кон нас, туку и ние правиме голем исчекор кон нив. Заедничка ни е целта да го забрзаме нивниот пат кон ЕУ и поради тоа ја приближуваме нашата Унија на западниот Блакан“, рече фон дер Лајен.

Зборувајќи за првиот столб од новиот пристап на ЕУ кон западен Балкан, фон дер Лајен рече дека во сите земји коишто во последните две децении ѝ се приближиле на Унијат, пристапот кон единствениот пазар им бил главниот придвижувач на економскиот раст.

„Меѓутоа, земјите коишто веќе сега се на добар пат кон ЕУ би требало, исто така, да имаат полза од единствениот пазар. Сакам нашиот единствен пазар да биде придвижувач на промените не само во земјите кои веќе му се придружија на нашето семејство, туку и во оние кои сѐ уште се на тој пат“, рече челничката на ЕК наведувајќи ги како примери пристапувањето кон единствениот дигитален пазар во областите како што е е-тргувањето или кибернетичката безбедност.

Приближувањето на единствениот пазар треба да се одвива истовремено со заедничкиот регионален пазар, кој е клучен за ослободување на економскиот потенцијал на регионот.

„Клучно е да се направи западен Балкан попривлечно место за европските инвеститори. Покрај тоа, доколку се темелни на правилата и стандардите на ЕУ, тој заеднички регионален пазар може да помогне во забрзувањето на пристапувањето кон Унијата“, додаде фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК вели дека Унијата сака да му понуди на западен Балкан некои од предностите од членство сега, а дека, исто така, за тоа е потребно да се исполнат некои од условите за членство и пред овие земји да станат членки.

„Некои од реформите кои се дел од пристапниот процес се клучни за довербата на инвеститорите. Размислете за градење независно и ефикасно правосудство, обезбедување на здрави јавно набавки јакнење на борбата против корупцијата. Или размислете за пазарот на енергијата, западен Балкан има огромен потенцијал за диверзификација од руските фосилни горива“, истакна фон дер Лајен.

Шефицата на Европската комисија, исто така, потенцираше дека се зголемува претпристапната помош на ЕУ за западен Балкан „кој плаче за инвестиции“.

„Од таа причина би требало да ги зголемиме средствата наменети за западен Балкан. Во овие турбулентни времиња овој план во четири точки е вистинската понуда за западен Балкан“, заклучи фон дер Лајан.