Фон дер Лајен: Барем четвртина од буџетот на ЕУ да биде за Зелениот договор

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вели дека се залага за модерен буџет на ЕУ што ќе се темели на приоритетите, како што се Залениот договор и дигитализацијата.

-Доколку ЕУ сака да напредува во следната декада ќе мора да инвестира во иновациите, истражувањата и новите приоритети. Затоа модернизацијата на буџетот ќе биде мојата цел во овие преговори, рече Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК доаѓајќи на самитот на лидерите на ЕУ посветен на новиот седумгодишен буџет на Унијата оцени дека преговорите ќе бидат долги и тешки.

Таа го поздрави предлогот на Европскиот совет, што акцентот го става на европскиот Зелен договор, што се однесува на сеопфатаната европска транзиција коај за цел го има зачувувањето на животната средина и климата и таканаречената дигитална револуција, што се и приоритетите на ЕК.

-За нас е важно да барем 25 отсто од буџетот бидат насочени кон проекти што се во рамките на европскиот Зелен договор, изјави Фон дер Лајен.