
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон де Лајен, денес изјави дека Европската унија е подготвена да ја поддржи пругата од Белград до Северна Македонија, пренесе Спутник.
Фон дер Лајен се состанала со српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Брисел, а агендата на разговорите вклучувала забрзување на патот на евроинтеграцијата на Србија преку примена на нова методологија за пристап, како и забрзување на реформските процеси, особено напредокот на владеењето на правото во Србија .