Фон дер Лајен и Мелони ја посетија Лампедуза по рекордниот прилив на мигранти

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, заедно со италијанскат премиерка Џорџа Мелони во неделата го посетија прифатниот центар за мигранти на Лампедуза.

Фон дер Лајен и Мелони утрото пристигнале на малиот италијански остров и направила обиколка на прифатниот центар и разговарале со некои од мигрантите, покажуваат фотографиите објавени на италијанската телевизија.

„Даваме сѐ од себе“, рекла притоа Мелони, пренесе италијанската новинска агенција ANSA.

Италијанските власти објавија дека повеќе од 5.100 мигранти пристигнале во Лампедуза минатата среда, поради што локалниот градски совет прогласи вонредна состојба.

Поради близината со тунискиот крајбрежен град Сфакс, Лампедуза е една од главните дестинации за мигрантите кои се обидуваат илегално да стигнат до европските брегови од Северна Африка.

Прифатниот центар за мигранти на островот е преполн. Многу од луѓето кои пристигнаа во изминатите неколку дена сега се префрлени од Лампедуза на Сицилија или на италијанското копно, што малку го намали притисокот врз Лампедуза.