![Fon der Lajen Varhelji](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/Fon-der-Lajen-Varhelji.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Колегиумот на Европската комисија го усвои извештајот за проширување на државите од западен Балкан и предложи со Украина и Молдавија да бидат отворени преговорите за членство во Европската унија а со Босна и Херцеговина кога ќе бидат исполенти условите за усогласеност, соопшти во средата на прес-конференција претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
Шефицата на извршното тело на Европската унија, исто така, информираше дека е предложено на Грузија да ѝ се одобри статусот земја кандидат за членство.
Фон дер Лајен рече и дека во ЕК се „загрижени“ потири тоа што ентитетот Репулика Српска во Босна и Херцеговина, „донела низа противуставни закони“ и затао препорачува отворање на преговорите кога еќ се оствари неопходниот степен на усогласеност.
„Проширувањето е клучно за ЕУ и коплетирањето на Унијата е нешто што се бара од нас, наша историска задача. Граѓаните на земјите кои сакаат да ѝ пристапат на ЕУ се Европејциј, нѐ поврзуваат геоградски и историски и вредносни врски“, рече Фон дер Лајен.
Според неа, се покажало дека досегашното проширување донело големи предности и за ЕУ и за новите членки. Фон дер Лајен рече дека нема да го чека пристапувањето и уште отсега ќе ги отвори вратите за економскиот просперитет и до единствениот пазар.
Комесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархељи, рече дека пристапниот процес подразбира тешки реформи за државите од западниот Балкан.
„Ќе мора да се носат со нашите социјални системи и пазари и не можат самите на тој пат да ја затворат нееднаквоста и затоа ќе бидеме подготвени да ја забрзаме таа заедничка работа… Затоа на Советот (на ЕУ) му предлагаме да ја заголеми нашата поддршка за дополнителни шест милијарди ева. Тоа би значело дека ќе биде потребно да се зголеми нивниот бруто домашен производ (БДП) за третина и тука би требало да му дадеме голем поттик на регионот, кој ни е потребен и ним и нам“, порача Вархељи.
Рече дека е нужно за земјите кандидати да се видат резултатите, коишто се темел на напредокот.
„Кога станува збор за институционалната реформа, за тоа на Советот на ЕУ се разговара. Но не постои условност меѓу проширувањето и институционалните реформи (во рамките на ЕУ). ЕУ е подготвена за прошируање со овие договори права и врз основа на нив ние би можеле да примаме нови членки“, рече Вархељи.