Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со денешната посета на Албанија, ја почнува балканската турнеја. Утре доаѓа во Македонија, а потоа ќе ја посети и БИХ, а ќе заврши со Црна Гора, Србија и Косово.
Денеска Фон дер Лајен ќе се сретне со премиерот Еди Рама, а потоа се очекува да одржи говор на свеченото отворање на кампусот на Колеџот на Европа во Тирана, а утре ќе дојде во Скопје и ќе има средби со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Силјановска-Давкова.
Потоа патува во БИХ каде што ќе ги посети подрачјата погодени од неодамнешните поплави, а потоа во Србија ќе се сретне со претседателот Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ.
На последниот ден од турнејата Фон дер Лајен ќе го посети Косово, на крај и во Црна Гора.