Фон дер Лејен ја критикува Русија за „спалување“ на гасот кој би можела да го продаде и покрај санкциите?!

Русија повеќе сака да го користи гасот како оружје, па дури и попрво го спалува отколку да го продаде, како одмазда поради западните санкции, обвини во вторникот претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен без да понуди докази и да појасни како би се продавал рускиот гас во услови на сеопфатни санкции од Западот поради нејзината војна во Украина и настојувањата на ЕУ да се откаже од руските енергенси.

Западот ја обвинува Русија дека ги запрела испораките на гасот во ЕУ поради нејзините санкции, иако Москва предупреди дека поради санкциите не може да се ремонтираат турбините на гасоводите кон Европа, како и саботажите од крајот на септември на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 во Балтичкото Море со што можеби трајно се спречува испорачувањето на рускиот гас за европските земји.

„Гледаме дека Русија го спалува гасот пред да го продаде. Руското однесување предизвикува недостиг на глобалните енергетски пазари и вртоглав скок на сцената“, тврдеше Фон дер Лејен на првиот состанок на групата Г20 0на годишниот самит на индонезискиот остров Бали, изјавиле дипломати на кои се повикува германската новинска агенција DPA.

Се потсетува дека енормните цени на гасот во Европа, всушност, започнаа уште во септември минатата 2021 година, кога европските земји поради зголемената побарувачка на гасот поради закрепнувањето на индустријата по пандемиската криза ги продадоа своите резерви на поскапите пазари во Азија и Јужна Америка.

Поради „руското однесување“, Европската унија поддржала ограничување на цените на нафтата што го предложи Г7, додала фон дер Лејен, велејќи дека тоа ќе има полза и за земјите со ниски и средни приходи.

„Но нашиот најдобар договор на таа ситуација е да ја забрзаме транзицијата на чистите форми на енергија“, рекла челничката на Европската комисија.

„Тоа е единствениот одговор и на енергетската и на климатската криза и пружа големи шанси за другите региони во светот. Европа затоа ќе вложи најмалку четири милијарди евра во обновливлите енергии, како што е водородот во следните пет години. Тоа ќе поттикне големи приватни вложувања“, рекла фон дер Лејен.

И претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој исто така присуствува на самитот на Бали, ја критикувал Русија, рекле учесниците на првиот состанок, обвинувајќи ја Москва дека „ја инструментализира енергијата како оружје, што има негативни последици за економијата во Европа и во светот“.