Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, во понеделник предупреди на ескалација на енергетската криза додека Европската унија продолжува со своите настојувања да се оддалечи енергетски и економски од Русија поради војната во Украина.
„Откако Русија целосно или делумно го запре снабдувањето со гас за 12 членки на Европската унија, сите мораме да се подготвиме на најлошата ситуација“, рече фон дер Лејен во интервјуто за шпанскиот дневен весник El Mundo.
Русија ги запре испораките на гас за 12 земји од ЕУ кои одбиваат да плаќаат за испораките на рускиот гас според формулата што ја одреди Москва, односно да отворат сметки во „Газпромбанк“ во кои ќе уплаќаат во евра или долари, банката потоа ги продава на Московската берза за рубљи кои ги положува на сметката на странската земја или компанија и преку неа ги плаќа испораките од „Газпром“. Ваквото инсистирање е систем на Русија да ги ублажи финансиските санкции од запад и одржување на курсот на националната валута, како и собирање на странски валути.
Русија, покрај тоа, ги намали испораките во Германија, најсилната економија на ЕУ, поради редовното одржување на гасните турбини на гасоводот Северен тек 1, чиешто враќање поради санкциите е отежнато враќањето од ремонт од Канада. Тоа во Брисел и Берлин го сметаат за наводна одмазда на Москва поради санкциите.
Растечката енергетска криза ја загрижи ЕУ и ја поттикна минатата седмица да договори итен план за прашањето за набавките на гасот за зимата. Оваа мерка би требало да „помогне да се подмират нашите зимски потребни“, вели фон дер Лејен.
„За само една седмица ЕУ се согласи да преземе решителен и досега невиден потег за да им се спротистави на заканите на (рускиот претседател Владимир) Путин целосно да ги запре испораките на гас“, вели шефицата на ЕК во обидот да го персонализира проблемот.
Шпанија, којашто нема голема зависност од увозот на енергенсите од Русија, како и многу други земји во ЕУ првично се спротистави на итниот план, но го прифати откако издејствува за себеси изземање и концесии.
Фон дер Лејен, којашто одговарала на прашањата на El Mundo по електронски пар, ја поздравила одлуката на шпанската влада велејќи „Уште еднаш, станува збор за европска солидарност“.