Водечките западни земји го блокираа пристапот на Русија до глобалниот систем за плаќање SWIFT во рамките на новите санкции против Москва за нејзината воена операција во Украина и обидите да предизвикаат незадоволство во Русија па дури и соборување на претседателот Владимир Путин.
Мерките, кои вклучуваат и рестрикциите на меѓународните резерви на Руската централна банка, ќе бидат спроведени следните денови, најавуваат земјите кои ја донесова одлуката – САД, Франција, Канада, Италија, Велика Британија, Германија и Европската комисија во заедничката изјава.
„Ќе осигуриме одредени руски банки да бидат отстранети од SWIFT“, изјави ноќта во саботата претседателката на Европската комисија, Урсила Фон дер Лејен.
Со тоа овие банки ќе бидат исклучени од меѓународниот финансиски систем, што треба да наштети на нивната способност да дејствуваат глобално.
Фон дер Лејен рече дека со исфрлањето од SWIFT руските банки ќе бидат оневозможени да ги спроведуваат мнозинството нивни меѓународни трансакции и со тоа ефективно ќе биде блокиран рускиот увоз и извоз.
Рече дека со тоа „сојузниците ќе ја спречат Русија да го користи својот воен ковчег, ќе ја парализираат сопственоста на нејзината централна банка и ќе ги замрзнат нејзините трансакции“.
Додаде дека на руските „олигарси“ ќе им биде забрането користењето на нивните финансии на европските пазари.
„Сите наведени мерки значително ќе ја отежнат способноста на (рускиот претседател Владимир) Путин да финансира војна и тешко ќе ја погодат неговаа економија. Путин тргне во војна за уништување на Украина, а всушност ја уништува иднината на сопствената земја“, рече фон дер Лејен.
Министрите за надворешни работи на земјите во ЕУ за тоа ќе разговараат на виртуелниот состанок во неделата навечер.
Невидените во историјата санкции на западните земји со кои сакаат да ја парализираат руската центранла банка и да ги исклучат руските банки од меѓинародниот систем, ја претвораат Русија во финансиски „парија“ која се соочува со „слободен пад“ на рубљата, ијзави воза AFP неименуван американски функционер.
„Русија стана светски економски и финансиски парија, а руската централна банка вече не може да ја поддржува рубљата. Само Путин може да репи колкава цена уште е подготвен да плати“, рекол тој функционер и додал дека работна група „ќе трага по јахтите,а вионите, лускузните автомбоили и раскошните вили на руските олигарси“.
Државата Парија (англиски: pariah state) е термин кој се користи од 1990-те за држави чии политики или закони се сметаат за некомпатибилни со стандардите на „цивилизираниот“ свет и кои поради тоа добиваат постојана јавна критика од други влади или меѓународни организации.под различни форми на меѓународни санкции. Ако се смета дека државата на незаконска држава со својата политика ја загрозува безбедноста и интересите на другите држави, за неа се користи терминот „одметната држава“.