Фон дер Лејен: Разговорите со талибаните не се признавње на власта

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, потврди во саботата во текот на посетата на центар за прифат на авганистанските соработници на Европската унија, дека се водат разговори со талибаните, но истакна дека дека разговорите со новите власти во Авганистан на ниеден начин не значат и признавање на нова влада.

Главната цел на иовие разговори, како што посочи фон дер Лејен, е да се овозможи и олесни евакуацијата од Кабул. Според челничката на ЕК, прво треба да се понуди „легален и сигурен“ пат за бегство за луѓето кои со талибанското преземање на власта се најдоа во опасност.

Фон дер Лејен ја наведе и можноста за зголемување на хуманитарната помош од ЕУ, и оти овој предлог ќе биде изнесен многу скоро. Најави зголемување на хуманитарната помош од 57 милиони евра, којашто ЕК претходно годинава ја издвои за Авганистан. Истакна и дека европската хуманитарна помош ќе биде условена со почитување на човековите права, хуман третман на малцинствата и почитувањето на правата на жените и девојките.

„Мораме да помогнеме. Не само на Аванистанците тука во Шпанија, туку и на оние кои останаа во Авганистан“, напиша фон дер Лејен на Twitter.

За талибанските власти нема да има помош доколку не ги почитуваат човековите права, рече претседателката на ЕК во врска со помошта за развој во износ од милијарда евра наменета за Авганистан во текот на следните седум години. Според фон дер Лејен, помошта е врзана со строги услови, како што е односот кон малцинствата и почитувањето на правата на жените и дејвчињата.

Прифатниот центар за Авганистанците е сместен на територијата на воен аеродром на околу 10 километри севеористочно од шпанската престолнина Мадрид. Од четвртокот служи како главна точка за прво прифаќање на евакурианите бегалци од Авганистан кои работеле за институциите на ЕУ, како и за нивните семејства. По лекарските прегледи и безбедносните проверки, овие луѓе се респоредуваат во неколку земји членки на ЕУ.

Фон дер Лејен во посетата на овој центар, меѓу другите, ја придржуваа и шпанскиот премиер Педро Санчез, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, Жозеп Борел.

Санчез и фон дер Лејен се согласија дека меѓународната мисија во Авганистан последните години „не била залудна“.

„За таа земја е сторено многу, и на полето на образованието. Посеавме и се надеваме дека тоа семе ќе води кон поголем напредок, безбедност и слобода за народот на Авганистан во иднина“, изјави Санчез.