Фон дер Лејен – се чини дека руските акции се воено злостоство, Зеленски признава дека некои во ЕУ се сомневаат

Водечки европски политичар побарал од украинскиот претседател да обезбеди докази за настаните во киевското предградие Буча дека „не биле исценирани“ од Киев, признава претседателот Владимир Зеленски во интервјуто за германскиот весник Bild, објавено во саботата.

„Покажете ни докази деека ова не е наместетено“, ја цитирал Зеленски изјавата на неименуваниот функционер од Европската унија.

На прашањето дали тој политичар е шеф на влада на некоја европска земја, претседателот на Украина одговорил потврдно, но не наведува конкретни имиња.

Во петокор претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, и шефот на европската дипломатија Жозеп Борел ги посетија Киев и Буча, каде што минатата седмица западните и украинските медиуми објавија снимки со тела на загинати цивили кои наводно се жртви на руските војници откако го нашуштиле предградието.

Москва ги отфрли обвинувањата како „инсценирани и провокација“, истакнувајќи дека rуските трупи беа повлечени од областа на 30-ти март и посочувајќи дека „т.н. докази за злосторства“ во Буча се појавија дури четвртиот ден“ по повлекувањето, кога украинските разузнавачи и „претставниците на Украинската телевизија пристигна во градот“ и потсети дека ден по повлекувањето градоначалникот на Буч, Анатолија Федорук не спомена за убиства на цивили чии тела наводно се наоѓаат на улиците, како што подоцна беше објавено во снимки. Слични операции, предупреди Москва, украинските тајни служби и војската ги спроведуваат и во местата Конотоп, Тростјанец во областа на Суми, како и во Бородјанка и Катјужанка крај Киев, од каде што руските сили го започнаа повлекувањето кон северот на земјата уште на 29-ти март.

Претседателка на Евопската комисија Урсула фон дер Лејен, изјави во саботата дека „се лини дека руските сили извршиле воени злосторства гаѓајќи цивили во Украина“, но истакна и дека правниците мора да ги истражат наводните инциденти.

Нашуштајќи ја Украина по посетата, фон дер Лејен реле дека во петокот со „свои очи“ ги видела разорувањата во гратчето Буча. Тимот украински форензичари во петокот ја започнаа ексхумацијата на масовна гробница со тела на цивили за кои Киев тврди дека се убиени кога руската војска го заземала киевското предградие.

„Мојот инстикт вели: ако ова не е воено злосторство, што е тогаш воено злосторство, но јас сум лекар по образование и правниците мора внимателно да истражат… Видов фотографии, ми ги покажа (украинскиот премиер) Денис Шхимахал: Да се убиваат луѓе додека одат. Исто така, можевме со свои очи да видиме дека раозрувањето во градот е насочено на животот на цивилите. Станбените згради не се воена цел“, (според правилата сѐ додека во нив нема борбени позиции), рече фон дер Лејен за новинарите во возот со кој се враќаше од Украина во саботата.

Во петокот, истиот дон додека фон дер Лејен и Жозеп Борел го посетија Киев и неговите предградија, Украина и нејзините западни сојузници ја обвинија Русија за ракетен напад во кој загинаа најмалку 52 лица на железничката станица во источниот град Краматорск.

Руското министерство за одбрана тврди дека станува збор за нова „монструозен фалсификат“ истакнувајќи дека ракета од тимот „Точка-У“, каква што е истрелана на железничката станица во Краматорск додека се собирале цивили од областа за евакуација, никогаш не поседувале руските ниту проруските сили туку ја употребува украинската војска и оти е идентчна со онаа што го погоди центарот на Доњецк на 14-ти март, кога загинаа 17 цивили а уште 36 беа ранети.

„Според прецизираните податоци, нападот врз железничката станица Краматорск го извршила ракетна дивизија на украинските вооружени сили стационирани во близина на градот Добропоље, 45 километри југозападно од градот“, беше истакнато во реакцијата на руското минитерство за одбрана.

Фон дер Лејен изјави дека ЕУ работи со Укрина во заедничка истрага на собирање докази за можни воени злосторства за користење на можни идни судски случаи.

„Извонредно е важно да биде добро документиано, за да се спречат порази на суд доколку доказите не се доволно добри“, рече фон дер Лејен.

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Карим Кан, во март изјави дека отворил истрага за можни воени злосторства во Украина.