Фондацијата проф. др. Ванчо Чифлиганец добитник на награда за општествена одговорност

За изградба и донација на нов, безбеден и топол дом на место на опожарениот, за Ивана и Јован Трајкови во Дедино и за богатата хумана мисија, Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец е добитник на наградата за општествена одговорност за 2017 од страна на Битолски весник.

На 19-тата манифестација „Најуспешни битолчани“ што се одржа во Битола, покрај наградените од овој град, наградата за општествена одговорност за континуирана поддршка на граѓаните и заедницата, отиде во рацете на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, основач на истоимената фондација и генерален директор на Адора инженеринг, препознатлив по филантропските активности.

При примањето на оваа најнова во низаната награди за општествена одговорност, д-р Чифлиганец порача дека за него признанието од страна на Битолски весник, медиум со 55 годишна традиција, е дополнителен мотив да продолжи со хуманите практики, кои се препознаваат и вреднуваат.

Во изминатите осум години Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец имаат вложено повеќе од 3 милиони евра за поддршка на заедницата, но и многу љубов за изградба на похумано, подобро, поздраво, порамноправно и посреќно општество за сите.