Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и годинава доделува 39 стипендии, 18 за суденти на Фармацевтскиот факултет и 21 за студени на Медицинскиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Стипендијата изнесува 6.500 денари месечно, во текот на една година.
За поддршка на млади и амбициозни кадри во областа на медицината и фармацијата, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ од 2009 година доделува и еднократна финансиска помош на првенци на генерација на овие два факултети , во висина од 1.200 евра. Оваа година добитници на оваа награада се: Александра Зафировска и Душко Шалабалија од Фармацевтскиот факултет, со просек 9,75 и Невенка Ридова од Медицинскиот факултет, со просек 9,76.
Почнувајќи од 2007 година, оваа фондација стипендирала 418 студенти по фармација и медицина, а од нив 159 студенти по фармација и 129 по медицина се веќе дипломирани.
Првиот човек на фармацевтскиот гигант „Алкалоид“, Живко Мукаетов, посочи дека 63 дипломирани студенти стипендисти на Фондацијата веќе се вработени во „Алкалоид АД“.
На денешниот настан за доделување на стипендиите присуствувше и ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, како и деканките на Медицинскиот и на Фармацевтскиот факултет, проф. д-р Соња Топузовска и проф. д-р Светлана Кулеванова.
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ е основана во чест на Трајче Мукаетов, кој на чело на „Алкалоид АД“ застана во 1985 година, а како главно обележје во неговиот мандат е интензивен рас и развој на компанијата како водечка во фармацевтската индустрија во регионот.